Чешки министер за внатрешни работи: Пукањето во Прага не е поврзано со „тероризам“

t

Пукањето на универзитетот во центарот на Прага, во кое загинаа 15 луѓе, не е поврзано со меѓународен тероризам, соопшти чешката влада.

„Нема индикации дека ова злосторство има каква било поврзаност со меѓународен тероризам“, изјави министерот за внатрешни работи Вит Ракусан на прес конференција за пукањето во зградата на Карловиот универзитет.

Повеќе од 15 лица загинаа, а најмалку 24 се ранети, според најновите податоци, во пукотница што се случи денеска во центарот на Прага.

Полицијата го идентификувала убиецот како студент на Факултетот за уметности на Универзитетот, каде што ги застрелал своите жртви. Мажот бил пронајден мртов во истата зграда.

Таткото на убиецот е пронајден мртов рано денеска, соопшти полицијата. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Повеќе од 30 функционери на СДСМ…

Повеќе од 30-тина поранешни и актуелни истакнати…

МНР со жестока реакција на бугарските провокации:…

Во Министерството за надворешни работи и надворешна…

МНР го обвинува Радуков дека се меша…

Денеска, во Министерството за надворешни работи и…

Мајка бара итна реакција од институциите откако…

Скопјанка на социјалните мрежи сподели дека три…

Ужас: Ја силувал сопругата, па ја претапал…

Маж од Кичево е пријавен за силување…