„Чист Аеродром – Нула отпад во Општина Аеродром“: Претставници од општината на неколкудневна посета на Љубљана
Претставници од Општина Аеродром беа на неколкудневна студиска посета во Љубљана во рамките на проектот „Чист Аеродром – Нула отпад во Општина Аеродром“, кој е ко-финансиран од Европската Унија и спроведен во партнерство со Гоу Грин и Омниум.
Работните средби се одржаа во Регионалниот центар за управување со отпад RCERO Ljubljana (Regional Center for Waste Management Ljubljana) која претставува самоодржлива установа и успешен пример имплементиран во вкупно 58 словенечки општини. Таму претставниците на Општината имаа можност да се запознаат со процесите на воведувањето на системот за управување со цврст отпад.
Искуствата од посетата ќе бидат пренесени во спроведувањето на проектот, со што е предвидено до 2024 година, Аеродром како општина со нула отпад и ефикасен механизам за селекција на отпад, да прерасне во пример кој ќе го следат и другите единици на локалната самоуправа.
Како главен град – лидер во Европската Унија за селекција на отпад, Љубљана во 2021 година изврши селекција на вкупно 70,5% од отпадот на своја територија.
– Колегите од Љубљана ги споделија своите искуства и практики од целиот процес, со кој се овозможува рециклирање и реупотреба на отпадот. Притоа, нивната порака е дека за успешна реализација на проектот, најважно е да се охрабрат граѓаните и бизнисите да ја намалат количината на отпад која ја продуцираат, како и овозможување на соодветна легислатива, поддршка и политичка волја, соодветна инфраструктура и квалитетни услуги и комуникација, стои во соопштението на општина Аеродром.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Градоначалникот на Аеродром ја објави како пример…
Објава на градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан…
Бесплатен аеробик за пензионерите во општина Аеродром
Општина Аеродром овозможува бесплатни рекреативни активности за…