Чкембари: Ова е мизерија, очекуваме промени!

t

Пелистер го победи десеткуваниот Вардар во ракометното дерби со 29-25, но тоа не беше доволно да се преземе првото место во Суперлигата, а тоа предизвика и незадоволство кај „Чкембари“ кои побараа промени во актуелниот македонски шампион.

Навивачите на Пелистер не се среќни од случувањата во екипата, но сметаат дека ситуацијата може да се промени ако се реагира навремено од управата на клубот.

„Катастрофа, дебакл, мизерија. Веруваме дека оваа сезона не сме го кажале последниот збор. Додека постои и само теоретска шанса ќе веруваме во неа, а шансите не ни се само теоретски туку и реални. Имаме време за да го свртиме моментумот на наша страна. Очекуваме промени“, порачаа „Чкембари“.

Доколку до крајот на регуларниот дел од сезоната двете екипи триумфираат на останатите натпревари, Вардар во плејофот ќе пренесе три бода, додека Пелистер ќе има два бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филков: Уставот и законите налагаат правосудниот испит…

ЗНАМ не отстапува од својот став околу…

Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…

Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…

Терористот од Краков почина во болница

Михал Оксински, кој уби шест лица во…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Денес се празнува Светиот маченик Нестор

Во времето на страдањето на Св. Димитриј…