Членка на НАТО има територијални претензии кон Украина?
Рускиот претседател Владимир Путин по состанокот кој го одржа со членовите на рускиот Совет за безбедност, ја обвини членката на НАТО- Полска дека планира да окупира дел од Украина.
„Што се однесува до полските лидери, тие веројатно очекуваат да формираат некаква коалиција под покровителство на НАТО и директно да интервенираат во конфликтот во Украина, за потоа да си откинат подебело парче за себе, за да си ги вратат, како што веруваат, нивните историски територии – денешна западна Украина“, рече Путин, а пренесува „Гардијан“.
Според Би-Би-Си, Путин не ја образложил конкретно неговата изјава во врска со наводите за полски намери. Тој претходно се повика на идејата за територијални „подароци“ од советските власти за да ја оправда руската анексија на Крим.
Минатата недела портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова во интервју за Ал Џезира изјави дека „очигледна е желбата на Полска да го нападне западниот дел на Украина“, и затоа Украина не беше поканета во НАТО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…
Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…
„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…
НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…