Членовите на македонскиот клуб во Благоевград: Досега никој не ни се заканувал лично
За Македонската телевизија членовите на македонскиот клуб во Благоевград кој беше мета на вандали велат дека четири месеци откако е отворен, немале закани ниту проблеми во работата. Се чувствуваат безбедно и чекаат надлежните да ги откријат сторителите.
„Штетата е направена со два големи камења на влезната врата и предното стакло на клубот. Јас дојдов да видам рано околу 6 часот и 30 минути и не влегов во клубот оти видов дека е каменуван. Потоа зедов некои важни документи. Клубот не е обезбеден од полицијата и во него може да се влезе. Без полицијата да го реши случајот и да најде кој е виновен, ние немаме средства да го поправиме и повторно да го отвориме“, вели за МТВ Јордан Грозданов, од Македонски културен клуб-Благоевград.
Членовите на македонскиот културен клуб сметаат дека е правилно што вчера не беа пуштени бугарски државјани да влезат во Македонија.
„Според мене е правилно од гледна точка што тие луѓе што не ги пуштија се неодговорни затоа што зборуваат невистини и без никаков обѕир. Така што, недозволувањето да влезат во Македонија е еден сигнал за тие луѓе да си направат ревизија на своето однесување“, смета Атанас Мазнев, од Македонски културен клуб-Благоевград.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тирана реагира зошто не се интонирала и…
Министерството за Европа и надворешни работи на…
Во Пустец ќе се одржи македонскиот фолклорен…
Под покровителство на премиерот Христијан Мицкоски, на…
Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…
Македонците по потекло од селото Ербеле, областа…
Македонски национален совет: Споменикот „Мајка Македонија“ не…
Македонскиот национален совет објави дека иницијативата за…
(Фото) Македонци во Пефкохори останаа без регистарски…
Во Фејсбук групата „Грчка Инфо“ е објавено…