Членството врие: При толку чесни и образовани членови на ВМРО-ДПМНЕ, вие упорно ги враќате старите криминалци!
Членовите на ВМРО-ДПМНЕ остро реагираат на потезите на раководството на партијата, а сега актуелно раководство на државата. При толку чесни и образовани членови на ВМРО-ДПМНЕ, вие упорно ги враќате старите и криминални лица, реагира на Фејсбук Мартин Јошевски.
Во продолжение целата објава:
– При толку чесни, образовани и лојални членови на ВМРО – ДПМНЕ, Вие упорно ги враќате старите, дотрошени и на големо познати криминални лица од поранешните кандидатски листи за советници и пратеници …. Знаете ли зошто е тоа така ? Заради личните материјално – финансиски прилики и леснотијата за манипулација и можност за потмитување … корупција се спречува со некорумпирани, чесни и образовани лица, а не со стара багра/банда … затоа што во минатото за истите грешки трпеше членството, но сега истото многу брзо ќе пресуди и рассуди … Вредноста на еден експерт во светот се мери по неговата биографија (CV) и труд, а не по тоа колку му е длабок џебот и колку е лесен за манипулација …. Од златните букви само зборот остана иззустен …. И од тие причини два месеци не се сменети директорите, нема ништо за криминалот, нема нови лица, носење на директори по директива од Скопје на позиции во државните фирми во помалите градови … не заборавајте, власта ви е слатка, но опозицијата ќе ви биде уште посурова од минатото …

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…
ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…
Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ
СДС го проби дното и ги нарече…
Кузманоска: Од 1,6% економски раст во време…
Инвестициите скокнаа за 16,5 отсто, градежништвото расте…