Објавено на:

Човекот кој го уби монструмот во Цетиње е земен на распит во Обвинителството

t

Ненад Калуѓеровиќ од Цетиње е на распит во својство на граѓанин во Вишото државно обвинителство, пишува Вијести.

Првиот човек на Вишото државно обвинителство Лепа Меденица потврди дека тој се одѕвал на телефонскиот повик на обвинителството.

Калуѓеровиќ е поврзан со убиството на масовниот убиец Вук Бориловиќ.

Да потсетиме, Вук Бориловиќ во петокот уби 10 лица во населбата Медовина во Цетиње, а потоа беше ликвидиран. Полицијата не утврдила дали тој бил убиен од истрел од соседот Ненад Калуѓеровиќ, ниту пак дали било пукано во правец на Бориловиќ од нејзините службеници.

Инаку Калуѓеровиќ до денеска беше во бегство поради страв дека ќе мора кривично да одговара за убиство на монструмот. Од друга страна, жителите на Цетиње му се благодарни , бидејќи велат дека ако не бил тој, кој знае колку луѓе ќе убиел монструмот, кој речиси еден час убивал свои роднини и сограѓани со ловечки карабин во нивните домови или на улица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МАСАКАР: НАД 100 ТЕЛА пронајдени во израелска…

Повеќе од 100 тела се пронајдени во…

ГРЕШКА НА СУДИЈАТА придонела за масовното убиство…

Во Босна се случи масовно трикратно убиство…

Монструмот од Белград уште еднаш ја шокираше…

Момчето убиец (13) кое на 3 мај…

Наставничката која со своето тело ги штитеше…

Наставничката по историја Татјана С.(52), која беше…

Страшни детали: Коста се инспирирал за масакрот…

Српските медиуми објавуваат детали од четиричасовниот распит…