Човекот кој загина на митингот на Трамп го заштитил своето семејство од куршумите
Лицето кое загина за време на обидот за атентат на Доналд Трамп е 50 годишниот Кори Компраторе, кој со своето тело го покрил семејството кога почнало пукањето.
Кори Компраторе се фрлил врз своето семејство да го заштити од куршумите кога почнала стрелбата, изјави синоќа гувернерот на Пенсилванија Џош Шапиро. Тој изјави дека се сретнал со семејството на загинатиот.
-Митингот на Трамп во Пенсилванија го зеде животот на мојот брат Кори Компраторе. Омразата кон еден човек го одзеде животот на човек кој ние најмногу го сакавме – напиша вчера сестрата на жртвата на својот Фејсбук профил.
Компраторе работел како инженер во фабрика за производство на пластични предмети и служел како раководител на волонтерската пожарна служба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…
Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…
Собранието на предлог на Владата, усвои нов…
Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…
Сенатот на САД го усвои Законот за…
Димитров: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот…
„Ми беше јасно дека Преспанскиот договор беше…
Внимавајте: Можно е да има пороен дожд…
Времето денеска ќе биде сончево и топло…