Човекот кој пукаше во обезбедувањето на градоначалникот на Арачиново е осомничен за убиство и во бегство од 2007-ма година!

t

Жителите на Арачиново за весникот КОХА изјавија дека истрелите од калашников кон градоначалникот се чини дека дошле од истите луѓе кои минатата година влегле во канцеларијата на градоначалникот Ридван Ибраими.

Според информациите на Инфомакс, станува збор за осомничен – син на семејството Ајвази, познат по повеќе кривични дела и баран од македонската правда. Aјвази попознат под прекарот Полат се бара за убиство од 2007-ма година и бил осомничен за напад врз полициски службеници од Алфите.

Повредените се испратени во Ургентниот центар во Скопје.

Градоначалникот на Арачиново Ридван Ибраими претходно пријави закани по неговиот живот по што полицијата го уапси 69-годишниот жител на Арачиново којшто ги упатил заканите.

Уапсениот се заканувал затоа што не бил задоволен од постапување во предмет за користење државно земјиште. Заканите ги упатил пред повеќе лица во општината додека градоначалникот Ибраими не бил присутен.

Уапсениот е во блиски роднински врски со тројца напаѓачи кои пред повеќе месеци го нападнаа градоначалникот во општината. Еден од напаѓачите бил дел од претходната општинска администрација.

За заканите МВР извести во дневниот билтен:

-На 23.05.2023 полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.А. (69) од с.Арачиново постапувајќи по претходна пријава од Р.И., градоначалник на општина Арачиново, кој пријавил во СВР Скопје дека, додека тој не бил присутен во општинската зграда, Р.А. пред други присутни лица упатувал закани по животот на градоначалникот, а во врска со предмет за доделување на користење на земјиште. По документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „Загрозување на сигурноста” по член 144 став 4 од КЗ на РСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Иран откри нов подземен „град на…

Иранската револуционерна гарда претстави нов подземен воен…

Норвешка издвојува нови средства за Амазонија по…

Норвешка најави 600 милиони норвешки круни за…

Француски експерти бараат построги правила за вештачката…

Француска експертска комисија предложи посилна контрола врз…

(Видео) Пожар на гасна платформа во Иран:…

Пожар избувна на платформата SPD14D во рамките…

Хегсет ги отфрли обвинувањата за воени злосторства:…

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, денес…