Човек од партијата на Орбан: Вархеји отфрла промена на Преговарачката рамка за Македонија
Критериумите за членство на Северна Македонија во ЕУ се многу јасни и не мислам дека земјите-членки сакаат да ги ревидираат, вели еврокомесарот за проширување
По тврдењата на некои македонски политичари во изминатите месеци дека може да има промена Преговарачката рамка за земјава еврокомесарот за проширување и соседство Оливер Вархеји во интервју за БГНЕС тврди дека Преговарачката рамка нема да се смени и дека тој не смета оти земјите-членки на Европската Унија сакаат да ги преразгледуваат условите што ги има Македонија.
– Критериумите се многу јасни уште од 2022 година кога беше усвоена Преговарачката рамка. Тие мора да се исполнат и во таа смислам не очекувам некаква промена. Не мислам дека земјите-членки ќе сакаат да ревидираат некој од условите. Јасно е дека тие треба да се исполнат, изјавил Вархеји, одговарајќи на прашањето дали има некаква можност за промена на условите кои треба да ги исполни Северна Македонија.
Вархеји, како што вели, се надева дека веднаш по изборите новата влада во Скопје ќе се зафати за ова прашање за да се продолжи со исполнувањето на критериумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апасиев: Филипче не знае каде тера, прво…
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, во изјава…
Студентите и оваа година ќе добиваат 840…
За академската 2026/2027 година, студентите кои ги…
Исчезна скопјанец – семејството моли за помош…
Скопјанецот Трајан Георгиевски (83) исчезна утринава. Од…
Ерменија наскоро ќе поднесе формална кандидатура за…
Ерменија наскоро ќе започне со подготовки за…
Почина бизнисменот Огњан Циговски
По долгогодишно боледување почина бизнисменот Огњан Циговски.…