Објавено на:

Човечки череп пронајден кај Подгоречкото Езеро, во тек е истрага

t

Човечки череп е пронајден во близина на Подгоречкото Езеро, во атарот на селото Лабуништа, недалеку од македонско-албанската граница, соопшти СВР Охрид.

Според информациите од полицијата, пронајдокот бил регистриран на 25 јули од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Лабуништа. Покрај черепот, на местото биле пронајдени и други предмети.

По извршениот увид, во координација со надлежните институции се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на лицето и за целосно расчистување на случајот.

Засега не се соопштуваат повеќе детали за околностите под кои биле пронајдени човечките останки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…