Чочек се спрема од Требеништа до Охрид: Ќе се пушти дел од автопатот

t

Трасата од 57 км досега чини 598 милиони евра. Рокот за изградба до сега неколкупати беше пролонгиран, а последниот рок е до декември 2023 година.

Во понеделник ќе биде пуштен во употреба автопатот во делот од Требеништа до Охрид, најави директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми.

– Јас можам да тврдам дека овој регионален пат, очекуваме и убеден сум дека за 15 месеци ќе биде целосно рехабилитиран. Во моментов, според проектот и според рокот и според она што го зборуваме со надзорот на работите, ние сме убедени дека за 15 месеци ќе биде завршен овој проект. Ако одиме сега таму ќе се види дека се работи на целата таа траса, тие административни проблеми кои ги имавме, веќе ги решивме и следниот понеделник ќе биде пуштен во употреба делот од Требеништа до Охрид – рече Рустеми.

Доцнењето од скоро 2 месеца Рустеми го правда со временските неприлики.

Автопатот се гради околу 8 години. Меѓу проблемите кои ја кочат изградбата се и процедурите за експропријација на земјиштето. Ветувањата се дека автопатот ќе биде готов следната година.

Трасата од 57 км досега чини 598 милиони евра. Рокот за изградба до сега неколкупати беше пролонгиран, а последниот рок е до декември 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на…

Со исправена глава, поставени на вистински европски…

Лукаревска: Сметам дека ќе бидеме фактор на…

Очекувам дека кај граѓаните ќе надвладее разумот,…

Полска потпиша договор за купување повеќе ракетни…

Најголемата јужнокорејска одбранбена компанија, „Hanwha Aerospace“ го…

Хоти: Никој веќе не му верува на…

Поранешниот премиер Авдула Хоти изјави дека поради…

НАТО: Кина да престане да ѝ помага…

Доколку Кина сака да има добри односи…