Чудни се фудбалските патишта: Од трета лига и работа во супермаркет, до репрезентацијата на Италија!
Чудни се фудбалските патишта…
Имено, Федерико Гати сезоната 2020/21, играше во Про Патрија, екипа третата италијанска лига. Освен тоа, играчот имаше и друга активност од која заработуваше пари.
Во тоа време, тој паралелно со фудбалот, работен и во супермаркет, дури и нешто градежно, затоа што во Италија платите и не се така големи за разлика од останатиот дел од Европа, па луѓето мора да се снаоѓаат.
Меѓутоа, сега судбината му се насмевна и тој влета во репрезентацијата на Италија. Подоцна од Про Патрија, го купува Фросиноне, каде во 2021 година имаше прилика да заигра во Серија Б.
По 6 месеци таму, Италијанецот импресионираше и дојде до голем трансфер. Тој подоцна потпиша со Јувентус за 5,5 милиони евра, а вчера и дебитираше за репрезентацијата на Италија во нерешениот резултат 0:0 против Англија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИСТРАЖУВАЧ ПРЕДУПРЕДУВА: Ова би можело да биде…
Истражувачот во областа на вештачката интелигенција, Никола…
УЈП предаде возило со пристапна рампа за…
Во рамки на активностите по повод одбележувањето…
(Видео) Снегот нема да ги изненади екипите…
Првиот снег нема да ги изненади екипите…
Тошковски: Жал ми е што држава членка…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва…
ОДРЕДЕН 30-ДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА ДРАГАН ВУЧИЌЕВИЌ: Главниот…
Судот во Белград му одреди притвор до…