Чука: Романија утре ќе побара гласање за пристап на државата во Шенген зоната

t

Романскиот премиер Николае Чука денеска изјави дека Романија утре ќе побара гласање за пристап на државата во Шенген зоната.

„Едно е сигурно, ние сме решени да одиме до крај во овие напори, вклучително и со барање за гласање за Романија на Советот за правда и внатрешни работи утре, 8 декември. Сегашната состојба на неизвесност не може да продолжи повеќе. Ги имаме сите аргументи, многу издржани, кои ги поддржуваат нашите барања и ќе ги надоградиме и на утрешните разговори со министрите за внатрешни работи, кога ќе побараме да се формулира гласање, без одложување, за решение за Романија … Нашата решеност да придонесеме за европската безбедност е тешка. Ние ги докажавме овие квалитети низ годините, а особено во контекст на кризата во Украина“, рече Чука, потсетувајќи повторно дека пристапувањето во Шенген е „национална цел“.

Премиерот нагласи дека европски експерти ја посетиле Романија во октомври и ноември и го потврдиле фактот дека земјата ги исполнува „апсолутно сите потребни услови“ и заслужува да биде дел од Шенген зоната.

Тој додаде дека еден ден пред Советот за правда и внатрешни работи во Брисел, каде ќе се соберат министрите за внатрешни работи на земјите членки, Романија продолжува да прави напори за постигнување на посакуваната цел.

„Во моментов, сите земји-членки не поддржуваат да продолжиме со пристапувањето, вклучувајќи ги Холандија и Шведска, со исклучок на Австрија. Ја имаме цврстата поддршка од Франција и Германија потврдена на сите нивоа“, изјави Чука. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…

СДС се познати по пропаѓањето на банки…

Две години од трагедијата во Нови Сад,…

Две години по уривањето на бетонската настрешница…

Брвеница избира градоначалник – во вториот круг…

Жителите на Општина Брвеница денеска избираат градоначалник…

Иранската војска ги предупреди САД: Новата војна…

Портпаролот на иранската војска, бригадниот генерал Мохамед…

Трамп најави дека ќе го покани Зеленски…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе…