Чeтворица Македонци го освоија Анкогва – НА 7.000 МЕТРИ СЕ ВЕЕ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: „Со многу напор се најдовме горе“

t

Четворица Македонци денеска го освоија највисокиот врв на Андите во Аргентина. Клубот I Love Hiking објави и фотографии на кои се гледа развиореното македонско знаме на височина од скоро 7000 метри или попрецизно, 6962. Во нашата храбра експедиција се Филип Христов, Лазе Миновски, Зоран Успрцов и Зоран Николов.

-Нашиот Фичо повторно на некој од крововите на континентите на нашата “Земја”. Овој пат искачен највисокиот врв на Јужна Америка – Аконкагва 6962м, каде за прв пат се вее и нашето клубско знаме, заедно со знамето на Македонија. Во збор два со него, многу експедиции не успеале да стигнат на врвот и многумина се откажале но не и нашите тврдокорни македонци кои утринава стапнаа на врвот Аконкагва! Не биле спречени од “Ветерот” и минусните температури. Со многу напор како што вели тој, се најдовме горе! Честитки до нив и до големиот другар и пријател на клубот Филип Христов! Нека им е наздравје, стои во објавата на I love Hiking.

Погледнете дел од храбриот подвиг:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…