Шаленберг: ЕУ е нецелосна без Западен Балкан
Европската унија нема да биде целосна додека Западен Балкан не стане дел од нејзиното семејство, изјави денеска австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг и повика на забрзување на процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан.
Шаленберг на Европскиот форум Вахау во Австрија, пред врачувањето на наградата „Aлојз Moк“ на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, укажа на предизвиците со кои се соочува светот, но рече дека е неопходно и соочување и со долгогодишните предизвици во Европа, особено во регионот каде што „мораме да преминеме од разговор на конкретна акција“.
„Очигледно, мислам на Западен Балкан, кој за нас е културно, ментално и емоционално непосредно соседство. Нема сомнеж, и верувам дека се согласуваме околу тоа, дека Западен Балкан, овој регион, веќе е дел од европското семејство, дека припаѓа на ова европско семејство“, рече шефот на австриската дипломатија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…
ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…
Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…
Мерц бара значително намалување на буџетот на…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…