Шампионскиот појас на Мухамед Али продаден за шест милиони долари
Шампионскиот појас на еден од најдобрите боксери на сите времиња Мухамед Али од легендарната борба со Џорџ Форман од 1974 година во Заир е продаден на аукција за 6.18 милиони долари.
Како што синоќа соопштија американските медиуми, најголем износ на аукцијата во Далас понудил сопственикот на НФЛ тимот Индијанаполис, Џим Арсеј, и шампионскиот појас на Али сега е во неговата лична колекција.
Појасот ќе биде изложен на 2 август во Чикаго, а на 9 септември во Индијанаполис.
Борбата меѓу Али и Форман од 30 октомври 1974 година во Киншаса, наречена „Татнеж во џунглата“ (Rumble in the Jungle), е една од најпознатите во историјата на боксот. Али во Заир го нокаутираше Форман во осмата рунда и ја врати титулата светски првак во тешка категорија.
Мухамед Али почина на 3 јуни 2016 година, на 74-годишна возраст, од компликации предизвикани од Паркинсонова болест, од која боледуваше последните три децении од животот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Централните банки забрзано купуваат злато: Се преиспитува…
Централните банки ширум светот ги зголемуваат набавките…
Ројтерс: Иран подготвил планови за напади врз…
Иран подготвил детални планови за напади врз…
Зајкова: ЛДП нема да отстапи од барањето…
ЛДП е целосно независна, идеолошки автентична и…
Австрија протерува четворица руски дипломати поради безбедносни…
Австриското Министерство за надворешни работи соопшти дека…
Начевски: Да не беше Заев, Филипче немаше…
Коста Начевски, долгогодишен член на СДСМ и…