Шансите на РК Вардар за пласман во втората фаза на Лига Европа минимални
Ракометарите на Вардар 1961 загубија синоќа во Скопје од Порто со 22-26 и со вториот пораз во третиот натпревар во групата Ф значително ги намалија шансите за пласман во втората фаза во Лига Европа.
Вардар имаше рано водство од 3-2 кога му дозволи на португалскиот тим да влезе во серијата од 4-0, но сепак, до крајот на полувремето ја врати предноста и замина на пауза со водство од 12-10.
Нападот на македонскиот тим не функционираше во второто полувреме, а одбраната тешко се снаоѓаше со формацијата „7 на 6“ на Порто, што резултираше со водство на португалскиот тим од 20-17 во 49 минута, а Вардар 1961 немаше сили до крајот да го избегне поразот, прв во салата „Јане Сандански“ по повеќе од една година.
Родригез со четири голови беше најефикасен во редовите на „црвено – црните“.
Реваншот во Порто на програмата е на 29 октомври.
По третото коло во групата Ф, Вардар е на третото место со два бода, еден помалку од второпласираниот Порто. Германски Мелсунген е лидер со максимални шест босови, а исландски Валур на последното место без освоен бод.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Манасиевски: Филипче, Заев и Ковачевски се првите…
Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари…
„Волстрит џурнал“: САД ги предупредија земјите од…
САД информираа неколку арапски земји од Персиски…
Се запалил бојлер во барака на „Стив…
Бојлер се запалил синоќа во една од…
УЖАС: Најмалку 46 загинати во судир на…
Најмалку 46 луѓе загинаа во судирот на…
Исчезнаа 7,8 тони медицински канабис од фирма…
Недостиг од речиси осум тони сув цвет…