Шарапова му дала отказ на својот татко преку – мејл!
Поранешната руска тенисерка Марија Шарапова се прослави во светот на „белиот спорт“, а најголеми заслуги за тоа имал нејзиниот татко Јуриј кој ја тренирал со години, но на почетокот на 2008 година добил отказ од својата ќерка.
На почетокот на 2008 година, Шарапова решила да му се заблагодари на својот татко за досегашната соработка, но не можела да го погледне во очи, па решила да го „откачи“ преку мејл.
„Мислев дека е најдобро тоа да го направам преку мејл. Не можев да го погледнам во лице и да му кажам дека не сакам да ме тренира. Знаев дека не очекувал такво нешто, не сум горда на мојот потег“, откри Шарапова.
Шарапова во текот на кариерата освои пет гренслем-титули, односно вкупно 39 ВТА-титули, додека на Олимписките игри во 2012 година освои сребрен медал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мајка донела пакет за синот во „Идризово“,…
При редовна проверка на пакет во затворот…
Искршени плочи на гробишта во Скопје по…
По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…
Пет дена боледување од матичен – Нови…
Од 1 декември се менуваат правилата за…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…