„Шарената револуција прво се пресмета со студентите, а во Србија тие се носители на промените“, вели Туфегџиќ

t

Адвокатот и поранешен судија во Кривичниот суд, Владимир Туфегџиќ, остро ги критикуваше обидите политичките случувања во Србија да се споредуваат со состојбите во Македонија, оценувајќи дека станува збор за две сосема различни политички и геополитички приказни. Тој упати критики и до македонската опозиција, но и до учесниците во некогашната „Шарена револуција“, за кои смета дека не можат да се поистоветуваат со студентското движење во Србија.

„Правењето паралела на настаните во Србија со Македонија е потполно нереално и неспоиво. Тоа се две потполно различни геополитички приказни по битност и структура и затоа секоја споредба е потполно погрешна“, напиша Туфегџиќ.

Според него, случувањата во Србија станале повод дел од политичарите во Македонија, кои денес се претставуваат како опозиција, да се обидат повторно да привлечат внимание.

„Ова е добар повод луѓе кои денеска се прогласиле за опозиција да кажат нешто за да свртат некакво внимание дека сè уште постојат, вклучително и оние неколкумина кои со ништо предизвикани се пратеници на т.н. опозиција“, наведе тој.

Туфегџиќ оцени дека изјавите на претставниците на политичките партии веќе не предизвикуваат интерес кај јавноста, бидејќи, како што напиша, од нив не може да се слушне ништо суштинско.

Посебно се осврна на споредбите меѓу српското студентско движење и македонската „Шарена револуција“, тврдејќи дека меѓу нив не постојат допирни точки.

„Нашата ‘Шарена’ револуција прво што направи, се пресмета со студентите и успешно ги елиминира за да не сметаат, а сè друго преземаа луѓе од никаде-никаде, без занимање и професија, кои преку ноќ станаа битни и фактори на одлучување“, напиша поранешниот судија.

Тој изнесе и обвинувања за улогата на странски фактори во тогашните политички процеси, како и за кадровските решенија во правосудството, при што ја спомена поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

Според неговата оценка, наместо суштински реформи, дел од учесниците во тогашните протести по промената на власта влегле во политички договори и компромиси со оние против кои претходно протестирале.

Како клучна разлика со Србија, Туфегџиќ го посочи профилот на луѓето кои, според неговите тврдења, стојат зад тамошното студентско движење.

„Српското сценарио го водат луѓе со име и презиме, сериозни авторитети, професори на конкурентни универзитети на Шангајската листа, академици со сериозни научни трудови, доктори на науки, почитувани дома и во странство“, наведе тој, додавајќи дека меѓу студентите има и лица на магистерски и докторски студии.

Наспроти тоа, за македонските политички промени тврди дека дел од стручните и академските авторитети биле отстранети од реформските процеси или намерно држени настрана.

„Кај нас ‘револуционерите’ токму овие луѓе или ги избркаа од реформските проекти или ги оддалечија од себе на безбедно растојание за да не сметаат, а образованието го лизнаа на најниски гранки“, напиша Туфегџиќ.

Во завршниот дел од објавата, тој оцени дека Македонија пропуштила можности да се развие во модерна држава, обвинувајќи го политичкиот систем за продолжување на практиките на партиски договори, распределба на тендери и трговија со гласови.

„Имаше шанси Македонија да биде модерна држава, но политичкиот правец остана на ниво на феудална транзиција, проста математичка трговија со гласови, коалициска делба на тендери и вечни сателит-партии кои се употребливи и за лево и за десно“, заклучи Туфегџиќ, завршувајќи со зборовите: „Патувај, игумене, и не грижи се за манастирот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Шарената револуција прво се пресмета со студентите,…

Адвокатот и поранешен судија во Кривичниот суд,…

„Тајмс од Израел“: Нетанјаху ја одбил препораката…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наводно ја отфрлил…

Tехеран по регионалните разговори: Безбедноста на Западна…

Безбедноста на Западна Азија треба да произлегува…

Севернокорејски хаубици забележани крај границата со Јужна…

Севернокорејски оклопни возила и артилериски орудија се…

Студентската листа најавува запирање на извозот на…

Студентската листа, која победи на парламентарните избори…