Објавено на:

Шарл Мишел: Целта на европските санкции кон нафтата е да се скрши руската машинерија

t

Целта на санкциите на ЕУ е да се „скрши руската воена машина“, со санкциите за нафтата кои за Кремљ сега се неизбежни, рече претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, пишува Гардијан.

Предлогот за забрана за увоз на руска нафта утре ќе биде разгледан од амбасадорите на земјите-членки во Брисел, а најзависните, како што се Словачка и Унгарија, ќе бараат исклучоци.

Оние кои се залагаат за забраната се засилени со промената на пристапот во Германија, каде што зависноста од руската нафта е намалена од 35% на крајот на минатата година на 12%.

Германскиот министер за економија Роберт Хабек ги повика земјите-членки на ЕУ да покажат „солидарност со Украина“ и „да го направат своето“.

Говорејќи на отворањето на новиот терминал за течен природен гас во грчкото пристаниште Александрополис, шефот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој претседава со состаноците на лидерите на ЕУ, рече дека војната во Украина е „момент на итност, момент на вистина”.

Тој рече: „Нашата цел е едноставна: мора да ја скршиме руската воена машина. И уверен сум дека Советот веднаш ќе воведе дополнителни санкции, особено за руската нафта“.

Европската комисија ќе ги испрати своите предлози за етапната забрана за увоз на руска нафта во главните градови  пред утрешниот говор на претседателката на комисијата, Урсула фон дер Лајен, во кој таа ќе ги изнесе деталите до Европскиот парламент.

Русија сочинува околу 25% од увозот на нафта во ЕУ, иако нивото на зависност варира помеѓу земјите-членки. Германската влада изминатиот викенд сигнализираше дека верува дека може целосно да ја укине неговата употреба „до крајот на летото“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина и Русија покажале „мала флексибилност“ за…

Украина и Русија во неформални разговори покажале…

Бесплатен интернет на 72 локации во 64…

Вкупно 72 локации во 64 општини низ…

ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…

Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…

Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…

Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…