Шатаукуа Мултимедијален настан во Музејот на Град Скопје

t

Во Музејот на Град Скопје вечер првпат ќе биде претставена уметничката група Шатаукуа Скопје со истоимениот проект, Chatautauqua, кој е сплет од аналогна фотографија, видео движења, објекти и музика.

-Очекувајте високо – квалитетни аналогни принтови во невообичаени формати, велат членовите на групата. Нагласуваат дека аналогните фотографии се создадени низ сложен процес во Кошице, Словачка, едно од ретките места во Европа каде што се развива и печати ваков тип на фотографија. Видеото во проектот, додаваат, е поддршка и уште еден столб во изразот на овој колектив, а музиката, како и секогаш, е тука да ја оплемени целата приказна. Инспирацијата доаѓа од култната „Зен и Уметноста на поправање мотори“ на Роберт М. Пирсиг, каде авторот се повикува на оние Шатакуи од 20-те години на минатиот век, кои патувале низ Америка и имале за цел да поучат и забават, нудејќи широка палета на различни уметнички дисциплини преку кои ја остварувале својата цел.

-Нашата Шатакуа е повеќеслоен аудио – визуелен комплет што во основа е аудио сложувалка, попарена со видео фајлови, дообјаснета преку фотографии и пригодни објекти, вели Дарко Поповски.

Во групата Шатаукуа Скопје членуваат Филип Куновски, Дарко Поповски, Јулијан Мицевски и Андреј Татарчевски. Филип е од Скопје и е во Прага во последните девет години, каде е дел од Прашкиот Кауч Колектив чии проекти LUCIDA и Facing Self беа прикажани во чешката престолнина на неколку наврати во последните години. Во 2020 година заврши на отсекот – Фотографија и Нови медии на ФАМУ. Дарко е исто така од Скопје, и во последниве 10-на години бил дел од музичките групи Его Диско и Плутос Даутс. Андреј Татарчевски во Скопје е познат како Татар. Дел е од повеќе музички проекти меѓу кои Исечоци, A World to Taste и Cycle1. Јулијан Мицевски, познат по групата Скопски Грув и член на бендот Lincoln Leter, кои неодамна промовираа втор албум

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

КРИВИЧНА ПРИЈАВА за поранешниот градоначалник на Ѓорче…

Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија…

(Видео) Две страшни сообраќајки се случија ноќеска…

Две сообраќајки се случија ноќеска во Скопје,…

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…