Шах мат на кинеската надворешна политика: Потпишан сеопфатен безбедносен договор со Соломонските Острови
Кина денеска соопшти дека потпишала сеопфатен безбедносен договор со Соломонските Острови, во време кога Западот предводен од САД е се позагрижен за воените амбиции на Пекинг во Тихиот Океан.
Островската држава во јужниот дел на Пацификот кон крајот на минатата година беше зафатена од немири предизвикани од незадоволството кај дел од населението поради зголеменото влијание на Кина, при што беа опожарувани и вандализирани дел од продавниците во кинескиот кварт во главниот град Хониари. На барање на властите на Соломонските Острови Пекинг распореди свои трупи во Архипелагот.
Од испраќањето свои полициски инструктори за справување со немирите Кина се обидува да ја зајакне својата улога во архипелагот долг 1.500 километри.
Минатиот месец беа објавени поединости од нацрт-договорот меѓу Пекинг и Хониари, за можно распоредување полициски и поморски сили во архипелагот, што ги вознемири австралиските власти.
Канбера и Вашингтон споредлуваат загриженост дека Кина би можела да изгради база во Јужниот дел на Тихиот Океан, што значи проширување на зоната на оперативност на својата поморска флота надвор од постоечките граници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Новата учебна година со 300 паралелки помалку…
Македонските училишта во новата учебна година ќе…
Напади, карање и викање: Полицијата интервенирала во…
Повеќе случаи на нарушување на јавниот ред…
Шест активни пожари низ Македонија
На ден 25.08.2026 година, до 13:00 часот,…
Јаневска: Намалувањето на ученичката кошничка е добра…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска,…
Пожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од Китка
Пожар избил денеска на територијата на Општина…