Шаќири: По изборите ќе се вратат хонорарците кои се неопходни за функционирањето на МКЦ

t

Директорот на МКЦ, Бени Шаќири, објави дека по завршувањето на изборите, хонорарците кои се неопходни за функционирањето на Младинскиот културен центар ќе бидат повторно работно ангажирани.

Шаќири во соопштение наведе дека одлуката да не им го продолжи договорот на 30 хонорарци ја донел врз основа на известување од ДКСК, која сугерира во изборниот процес да не се потпишуваат договори кои ќе го оштетат буџетот, согласно членот 8-а од Изборниот законик.

Директорот тврди дека не станува збор за своеволна еднострана одлука за прекин на договори, туку се работи почитување на законите.

„Би сакал да ве известам дека веднаш по завршувањето на изборниот процес и во моментот кога истото ќе биде дозволено според законските прописи, хонорарно ангажираните лица кои се неопходни за редовното функционирање на институцијата повторно ќе бидат со работен ангажман“, вели Шаќири и ги отфрла обвинувањата дека ставил клуч на врата, коментирајќи дека ниту еден настан од програмата на МКЦ не е откажан.

Дополнително, како што додава, претходните раководства се довеле во ситуација трајно да не изнајдат решение за статусот на хонорарците, па сегашното раководство до ДКСК испратило допис за да добие мислење за натамошното дејствување.

Во МКЦ со последната одлука на Шаќири, повеќе нема ангажирано лица за предавања во Планетариумот, за реализација на програмските активности (технички лица и орагнизатори на настани), кафулето е целосно затворено, затворена е и Апотеката, додека киното Милениум работи со преполовена дејност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХАОС ВО ПЕНТАГОН: Американската војска се соочува…

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет наредил…

ПРЕСВРТ ВО ВАШИНГТОН: Трамп тврди дека не…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во…

САЈБЕРНАПАДОТ ВРЗ ЕВРОПСКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ СЕ ШИРИ: Пријавени…

Серија пријавени сајберинциденти насочени кон системите за…

„Меѓуизбори 2026“: Американците утре избираат нов состав…

Во САД утре се одржуваат меѓуизбори (избори…

СИЛНИ ЕКСПЛОЗИИ ГО ПОТРЕСОА ИРАНСКИОТ ОСТРОВ КЕШМ:…

Серија силни експлозии е пријавена на иранскиот…