Шварценберг: Русија ќе се распадне
Поранешниот министер за надворешни работи на Чешката Република Карел Шварценберг очекува, како последица на војната во Украина, распад на Русија.
„Процесот на деколонизација ќе продолжи во Руската Федерација. Русија ќе се распадне. Поголемите делови ќе станат независни штом можат“, предвиде Шварценберг за весникот „Пресе“.
Во тој поглед, тој ја спореди Русија со Германија, која, како што вели, „се излечила од империјализмот по поразот во Втората светска војна“.
Според него, Русија постојано се шири од 15 век, а за генерацијата на претседателот Владимир Путин, распадот на Советскиот Сојуз беше „најголемата катастрофа на 20 век“, што тој сака да ја поправи.
„Трагедијата на Русија е што таа не ги знае своите граници. Секоја империјална сила мора да претрпи голем пораз пред да се врати на нормалното размислување“, истакнува Шварценберг.
Тој рече дека во минатото секогаш постоела идејата дека малите народи морале да се жртвуваат за големите, и во 1938 година во Минхен и во 1945 година во Јалта, но, додаде, таквото размислување секогаш доведувало до катастрофи.
Шварценберг рече дека може да ја замисли Украина како членка на ЕУ, но не верува во членството на земјата во НАТО.
Тој, исто така, вели дека може да замисли повторување на сценариото по 1945 година, кога Германија беше релативно брзо интегрирана на Запад, а сега на Западот можеби ќе му треба поразена Русија како сојузник против Кина.
Тој го спореди украинскиот претседател Володимир Зеленски со поранешниот американски претседател Роналд Реган.
„Двајцата претседатели кои ја променија историјата започнаа како актери и само одлично се покажаа во улогата на политичарите – Реган и Зеленски“, истакна тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Молдавија од денес влезе во 60-дневна вонредна…
Молдавија од денес, 26 септември, официјално влегува…
Ивановски: Филипче и неговата група станаа фракција…
Поранешниот потпретседател на СДСМ и еден од…
Мицкоски: На Македонија ѝ треба силна опозиција,…
„Јас жалам повторно што дури и оваа…
Мицкоски: Ние ги презентираме нашите аргументи, во…
Јас не можам да зборувам од аспект…
(Фото) Македонското знаме се крена над Њујорк:…
Во чeст на 35 годишнината на независноста,…