Шварценегер: Нашите раце се крвави, затоа што ја финансираме војната
„Како и да погледнете, имаме крв на рацете затоа што ја финансираме војната“ во Украина. Ова го рече поранешниот гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, говорејќи на конференцијата за клима во Австрија, на Австрискиот Светски самит, лансиран за првпат токму од него во 2017 година.
Шварценегер се повика на истражување според кое Европа ѝ платила на Русија десетици милијарди долари за увоз на енергија во првите два месеци од 2022 година.
Војната во Украина е една од причините за запирање на користењето фосилни горива, рече Шварценегер, кој долго време води кампања против загадувањето на животната средина.
„Мораме да направиме се што е потребно за да ја елиминираме нашата зависност од фосилните горива“, „мора да бидеме дел од решението, а не дел од проблемот. Банкротот не е опција “, заклучи актерот и поранешен гувернер на Калифорнија од 2003 до 2011 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мерц откри кој би можеч да ја…
Пет земји би можеле да ја претставуваат…
Велика Британија воведе нови санкции за руските…
Велика Британија воведе нови санкции против руски…
Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…
Средба на претставници на САД, Русија, Украина…
(Видео) Руски полковник загина во експлозија на…
Руски полковник, главен навигатор на 6-та армија…
Американските пратеници Кушнер и Виткоф пристигнаа во…
Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…