Швајцарија му даде уште време на Северен поток 2 за подмирување на финансиите
Швајцарија на операторот на гасоводот Северен поток 2, што требаше да ги удвои испораките на руски гас во Европа, му го продолжи рокот за подмирување на финансиите, одложувајќи го започнувањето на стечајот.
Северен поток 2 со седиште во швајцарскиот кантон Цуг, обезбеди мораториум на отплата на долгот на суд, објави вчера Швајцарскиот службен весник за трговија (SHAB).
Швајцарските власти соопштија дека компанијата поради санкциите дошла до големи финансиски потешкотии, додавајќи оти банкрот може да се прогласи веќе во март. Околу стотина нејзини вработени во Цуг, веќе се отпуштени.
„Норд стрим 2 АГ“ (Nord Stream 2 AG) во голем дел е во сопственост на рускиот Газпром, акционери се и германската „Винершал Деа“ (Wintershall Dea), ПЕГ Инфраструктура на германската Е.ОН, холандската „Нидерланс Гасун“ (Nederlandse Gasunie) и француската ЕНГИЕ (ENGIE), пишува на интернет страницата на компанијата.
Работењето во Европа е блокирано, откако САД воведе санкции против операторот на гасоводот, поради руската инвазија врз Украина. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Многу успех! Ултрамаратонецот Тони Манев ќе ја…
Ултрамаратонецот Тони Манев од Штип веќе шест…
Володин: Конференцијата во Швајцарија нема никаква смисла,…
Одреден број пратеници на украинската Врховна рада…
(Видео) Сиљановска не знае колку чинело патувањето…
Претседателката Сиљановска Давкова не знае колку чини…
Евровизискиот победник Немо најави европска турнеја, но…
Швајцарецот Немо кој победи на овогодинешната Евровизија…
Силен земјотрес во Швајцарија
Земјотрес со јачина од 4,4 степени според…