Објавено на:

Швајцарија му даде уште време на Северен поток 2 за подмирување на финансиите

t

Швајцарија на операторот на гасоводот Северен поток 2, што требаше да ги удвои испораките на руски гас во Европа, му го продолжи рокот за подмирување на финансиите, одложувајќи го започнувањето на стечајот.

Северен поток 2 со седиште во швајцарскиот кантон Цуг, обезбеди мораториум на отплата на долгот на суд, објави вчера Швајцарскиот службен весник за трговија (SHAB).

Швајцарските власти соопштија дека компанијата поради санкциите дошла до големи финансиски потешкотии, додавајќи оти банкрот може да се прогласи веќе во март. Околу стотина нејзини вработени во Цуг, веќе се отпуштени.

„Норд стрим 2 АГ“ (Nord Stream 2 AG) во голем дел е во сопственост на рускиот Газпром, акционери се и германската „Винершал Деа“ (Wintershall Dea), ПЕГ Инфраструктура на германската Е.ОН, холандската „Нидерланс Гасун“ (Nederlandse Gasunie) и француската ЕНГИЕ (ENGIE), пишува на интернет страницата на компанијата.

Работењето во Европа е блокирано, откако САД воведе санкции против операторот на гасоводот, поради руската инвазија врз Украина. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ова е жената во која пукаше Албанец…

Триесетгодишната В.Ј. (30) од Велика Дренова е…

15- годишник од Швајцарија избодел Евреин со…

15-годишен тинејџер е уапсен под сомнение дека…

Османи: Швајцарија дозволува движење со старите пасоши,…

Државите самите одлучуваат како ќе се однесуваат…

Македонија ја победи Швајцарија!

Ракометната репрезентација на Македонија со победа над Швајцарија од 29-27 (13-9)…

Балканот трие раце: 7.000 слободни места за…

Иако професијата останува популарна во Швајцарија, во…