Објавено на:

Швајцарија одлучи да не испрати оружје во Украина

t

Претседателот на Швајцарија, Ален Берсет во интервју за НЗЗ го осуди военото лудило и потенцираше дека швајцарското оружје не треба да се користи во војни.

Го чувствувам тоа воено лудило во некои кругови и многу сум загрижен за тоа, бидејќи тоа чувство почива на краткорочна визија, вели тој.

Го разбира и почитува фактот што другите земји имаат поинакво гледиште, но додава дека треба да се почитува нивната гледна точка.

Ситуацијата е поинаква сега и Швајцарија мора да промени сè без оглед на нејзината правна основа. Тоа не е можно, нагласи тој.

Имено, дебатата за неутралноста на Швајцарија трае уште од руската воена операција во Украина на 24 февруари минатата година.

Швајцарија, која не е членка на Европската унија, ги воведе сите санкции на европскиот блок кон Русија, сметајќи дека се компатибилни со неутралноста на земјата, но Швајцарците ги отфрлаат барањата на Германија, Шпанија и Данска да им дозволат да го пренасочуваат увезеното швајцарско оружје и муниција за Украина.

Пред парламентот беа изнесени неколку иницијативи за ублажување на тие правила, но ќе поминат месеци пред да се донесе одлука. За време на посетата на ОН, Берсет рече дека не е време за промени и дека не може да се прават исклучоци, бранејќи ја традиционалната позиција на својата земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

Соборен украински МиГ-29, загина пилотот

Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…

Швајцарија разгледува такса за странски работници

Швајцарскиот Совет на кантоните, горниот дом на…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…