Швајцарија ја тресе скандал — полицијата со децении тајно следела министри
Десетици швајцарски владини официјални претставници биле тајно следени од полицијата во периодот од 1930 до 1989 година. Надзорот опфатил најмалку 39 владини министри во периодот познат како „Скандал со тајните досиеја“, објави швајцарските медиуми по истражувањето на неделник „ЗонтагсЦајтунг“.
Истражувањето било спроведено откако новинарите анализирале стотици илјади досиеја за надзор од Федералниот архив и од федералните и кантоналните полициски служби.
Според наводите, многу од досиејата биле отворени уште кога владини министри започнале со политички активности во младоста.
Во еден случај, полицијата ја следела и поранешната швајцарска претседателка Рут Драјфус, која беше владин министер во периодот од 1993 до 2002 година, поради нејзиното противење на Виетнамската војна.
Првата жена владин министер во Швајцарија, Елизабет Коп, која ја извршуваше функцијата од 1984 до 1989 година, исто така била следена откако нејзиниот татко инвестирал значителни средства во бизнис во Унгарија.
Досието за надзор, во кое биле следени и други истакнати швајцарски граѓани од периодот пред Втората светска војна, па сè до Студената војна, било затворено во 1989 година по силниот притисок од јавноста.
Мориц Лојенбергер, кој беше швајцарски министер од 1995 до 2010 година, одиграл значајна улога во прекинувањето на практиките за надзор, како претседател на парламентарна комисија која го истражуваше случајот.
И Лојенбергер бил предмет на полициско досие. Тој за „ЗонтагсЦајтунг“ изјавил дека видел само делови од записите во кои биле следени неговите движења и контакти.
„Главно прочитав банални работи, неточности, па дури и намерни лаги“, изјавил тој за весникот.
Во досиејата тој бил и индиректно поврзуван со луѓе со кои, како што тврди, немал никаква врска.
„Таквите записи се типични за мешавината од сомнежи и лажни обвинувања што постојано се појавувала во досиејата“, рекол Лојенбергер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
61-годишник од Тетово полово вознемирувал 23-годишна жена
На 19.09.2026 во 10:55 часот во Тетово,…
Малолетник предизвикал сообраќајна несреќа и избегал, полицијата…
На 19.09.2026 во 16:30 часот во с.…
Синдикалната кошница порасна на 69.432 денари –…
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец…
Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е…
Филипче рече дека Македонија не е на…
Северна Кореја лансира „сомнителна балистичка ракета“ во…
Северна Кореја во неделата изврши лансирање на…