Објавено на:

Швајцарската Влада ги одби барањата за реекспорт на оружје во Украина

t

Швајцарската влада денеска соопшти дека нема да ја промени својата долгогодишна политика за забрана на извоз на швајцарско оружје во трети земји и покрај зголемениот притисок од европските земји да го извезат во Украина.

И одвнатре и однадвор растат повиците Швајцарија да ја прекине својата вековна традиција на неутралност по руската инвазија на Украина пред повеќе од една година. Во јануари две парламентарни комисии препорачаа ублажување на правилата.

Но, Владата тоа го одби. „Федералниот совет е посветен на вредностите на швајцарската неутралност и ќе продолжи да работи за да се обезбеди остварување на придобивките од неутралноста“, се вели во владиното соопштение. Но, тие додаваат дека ќе продолжат да ги следат дискусиите и повторно да се изјаснат „доколку биде потребно“.

Земјите кои купуваат швајцарско оружје мора да побараат дозвола за повторен извоз на тоа оружје.

Од почетокот на војната, Швајцарија доби барања од Германија, Данска и Шпанија за извоз на швајцарска воена опрема во Украина, но сите овие барања беа одбиени.

Сепак, таа ги усвои санкциита на Европската Унија и повеќе пати повикуваше на повлекување на руските војници од Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАРОДНАТА БАНКА НА СРБИЈА СЕ ОГЛАСИ ЗА…

Народната банка на Србија (НБС) излезе со…

АМЕРИКАНСКАТА АРМИЈА НАПАДНАЛА ИРАНСКИ РАКЕТНИ ЛАНСЕРИ: Вашингтон…

Американските вооружени сили извршиле напади врз ирански…

Се урна хеликоптер на ЕУФОР кај Брчко,…

Во местото Горице, во близина на Брчко…

„Ексон“ и „Шеврон“ ги откажале патувањата на…

Американските нафтени гиганти „ЕксонМобил“ и „Шеврон“ ги…

Мицкоски: Дата-центрите и вештачката интелигенција се иднината,…

Премиерот Христијан Мицкоски ја потврди поддршката за…