Објавено на:

Швајцарски новинар добил отказ затоа што не сакал да го критикува Путин?

t

Кристијан Милер, новинар во швајцарското онлајн издание „Инфоспербер“, доби отказ поради тоа што се воздржуваше да го критикува рускиот претседател Владимир Путин во неговите материјали за ситуацијата во Украина.


Одлуката ја донеле Швајцарската фондација за промоција на независни информации, која го финансира онлајн изданието на „Инфоспербер“, и уредниците на овој медиум.


„Кристијан Милер редовно пишуваше за Infosperber за Русија, Украина и геополитичките прашања. Покрај НАТО-перспективата, која нашите читатели добро ја познаваат во мејнстрим медиумите, тој известуваше и за руската перспектива, која често е недоволно застапена во другите медиуми. Сепак, Милер постојано се воздржува од критичка анализа на политиката на Путин. Ова долго време предизвикува критики“, се вели во соопштението објавено од „Инфоспербер“.


Извештајот на Милер од 26 февруари наводно оставил впечаток дека само западните земји се виновни за избувнувањето на војната.


„Тој едноставно го нарече трагедија што Русија си дозволи да биде испровоцирана од Западот. Таквото толкување предизвика оправдани критики кај читателите и го доведе во прашање кредибилитетот на Infosperber“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Швајцарија замрзна руски имот вреден 5,8 милијарди…

Швајцарија замрзна руски имот во вредност од…

Швајцарскиот парламент одби да се приклучи на…

Долниот дом на швајцарскиот парламент денеска го…

Над 130.000 потписи за швајцарската неутралност –…

133.000 потписи има народната иницијатива „Заштита на…

Ова е жената во која пукаше Албанец…

Триесетгодишната В.Ј. (30) од Велика Дренова е…

15- годишник од Швајцарија избодел Евреин со…

15-годишен тинејџер е уапсен под сомнение дека…