Шведската амбасадорка: Одлуката за уставните амандмани е во рацете на политичките лидери, реформите во судството клучни
Договорот постигнат со посредство на Франција, кој доведе до отворање на пристапните преговори со Македонија минатата година, вклучуваше обврска за измена на Уставот. Се разбира, важно е да се спроведат преземените обврски, со цел да се гледа како на доверлив партнер и да се оди напред во процесот на пристапување, вели шведската амбасадорка Ами Ларсон Џаин.
– Македонија имаше импресивен почеток на процесот на скрининг, кој започна минатата година. Домашните реформски напори се клучни за продолжување на овој напредок, со вистинска посветеност на сите засегнати страни, како и со национална сопственост, отчетност, транспарентност и професионалност. Реформите во областа на судството и владеењето на правото се клучни за регионот како целина, како и за Македонија, вели шведската амбасадорка во земјава, вели Ларсон Џаин во интервју за „Локално”.
Пристапувањето на Македонија во ЕУ е поддржано од Шведска, вели таа, и она што останува суштинско е домашната реформа, која ќе започне и ќе заврши со кластерот фундаментите на процесот на пристапување.
– Ова ќе биде трансформативен процес. Ќе бара напорна работа и решителност, но реформите ќе имаат корист и за граѓаните на Македонија, истакна амбасадорката.
За уставните измени, кои се предуслов за продолжување на преговорите, Ларсон Џаин вели дека тоа е во рацете на политичките лидери во Македонија.
– Договорот постигнат со посредство на Франција, кој доведе до отворање на пристапните преговори со Македонија минатата година, вклучуваше обврска за измена на Уставот. Се разбира, важно е да се спроведат преземените обврски, со цел да се гледа како на доверлив партнер и да се оди напред во процесот на пристапување, нагласува Ларсон Џаин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…
Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…
Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…
Во понудата на инстант лозови на Државна…
ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…
Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…
НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…
Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…
ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…