Шведска изгласа промена на Уставот за полесно да влезе во НАТО

t

Шведскиот парламент ги изгласа измените на Уставот со цел зајакнување на борбата против тероризмот, нешто што Турција го бара за да го поддржи влезот на земјата во НАТО.

Парламентот, исто така, изгласа и уставни амандмани за шпионирањето и собирањето информации, што предизвика загриженост во медиумите. Уставниот амандман овозможува ограничување на принципот на слобода на здружување „кога група се смета за терористичка или поддржува тероризам“.

Против гласаше единствено опозициската партија, Левица.

Амандманот, што ќе стапи на сила во јануари, треба да овозможи полесно гонење на членовите на Курдската работничка партија (ПКК), која Шведска и ЕУ ја сметаат за терористичка.

Турција го кочи приемот на Шведска и Финска во НАТО, обвинувајќи ги дека засолнуваат милитанти блиски до курдските ПКК и Единиците за заштита на народот (YPG) кои дејствуваат во Сирија, а кои Анкара ги смета за терористи.

Шведска долго време имаше благи закони кога станува збор за борбата против тероризмот.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон минатата недела во Анкара вети дека ќе ги разгледа барањата на Турција, нарекувајќи ја уставната промена „голем чекор“.

Казниво станува и обезбедувањето информации што би можеле да им наштетат на односите на Шведска со другите земји или организации, како што се ОН и НАТО, наведе шведската телевизија СВТ.

Владата посочува дека тоа е неопходно за да се заштити безбедноста на земјата и да се затворат дупките во законите. Новинарите стравуваат дека овие мерки би можеле да влијаат врз заштитата на изворите и свиркачите.

Медиумите предупредуваат дека тоа ќе ги загрози демократијата и слободата на изразување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марија Габриел ќе биде втор човек во…

Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…

(Документи) Илјадници народни пари потрошени на ручеци…

Шетајте луѓе, народ плаќа. Над 17.500 евра…

Американските бомбардери Б-52 пристигнаа во Романија на…

Американските стратешки бомбардери Б-52, кои во неделата…

И директори на МТВ во македонската делегација…

На политичката сцена во Македонија се уште…

Кулеба: Украина не може да чека уште…

Ветувањето дека Украина ќе стане членка на…