Шведскиот амбасадор во Косово нема надеж: Мали се шансите за позитивни вести од Брисел
Шведскиот амбасадор во Косово, Јонас Вестерлунд денеска оцени дека има мали шанси за позитивни вести од денешната средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел, додавајќи дека пред преговорите за француско-германскиот предлог мора да се исполнат веќе прифатените обврски, вклучително и формирањето на Заедницата српски општини, пренесува Лајми.
Вестерлунд во предавањето пред студентите на Филозофскиот факултет во Приштина рече дека според информациите што ги има од медиумите забележал дека Курти сака да се фокусира на француско-германскиот предлог, а не на формирањето на заедницата на српските општини, додека претседателот Вучиќ рече дека разговорите за француско – германскиот предлог не постои пред формирањето на Заедницата на српските општини.
„Мислам дека има мали шанси за какви било позитивни вести од Брисел денес. Да се надеваме дека ставот на Европската унија за ова, вклучително и Шведска и САД, е дека сите претходни договори треба да важат. Идејата е дека не можете да изберете помеѓу претходните нуди.Бидејќи има нова влада, тоа не значи дека можете да ги игнорирате сите обврски на претходните влади, бидејќи тогаш треба да почнете од почеток“, рече Вестерлунд.
Потсетувајќи дека Косово аплицираше за влез во ЕУ, Вестерлунд вели дека процесот ќе се подобри со преземање внимателни консултации со сите земји-членки, почнувајќи од членките кои не ја признаваат независноста на Косово.
„Тие консултации ги води шведскиот амбасадор во Брисел и тие се уште траат. Ги имаме првите консултации со земјите кои не го признаа Косово, а сега правиме консултации со сите други земји-членки“, рече тој.
Тој посочи дека иднината на сите земји од Западен Балкан е во Европската Унија и додека не станат членки треба да се фокусираат на зајакнување на владеењето на правото и државните реформи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…