Шведски весник открива детали: Недостасуваат најмалку 50 метри од гасоводот “Северен тек 1”!
Недостасуваат најмалку 50 метри на гасоводот под Балтичкото Море, објави денеска шведскиот весник „Експресен“.
Шведска полиција и државното Обвинителство се сомневаат дека истекувањето на гас од гасоводот „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ на 26 септември е последица на намерна експлозија и затоа го истражуваат случајот како чин на саботажа.
Видеото снимено со мало и далечински управувано возило или подводен дрон, што го објави „Експресен“, покажува свиткан метал и отворен гасовод на дното на Балтичкото Море.
Деловите на гасоводот имаат рамни и остри рабови, а други се деформирани, според видео материјалот направен на длабочина од околу 80 метри.
Видеото е снимено во понеделникот, наведува „Експресен“, додека агенцијата „Ројтерс“ додава оти не можела независно да потврди дали снимките навистина го прикажуваат гасоводот „Северен тек 1“.
Шведската морнарица и безбедносната полиција одбија да го коментираат пишувањето на „Експресен“, ниту, пак, крајбрежната стража била достапна за коментар, посочува „Ројтерс“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Словачка предлага забрана за социјални медиуми за…
Словачката влада одобри нацрт-закон со кој би…
Насилник од Дебарско ја заклучил сопругата дома…
Жена од село во општината Маврово и…
Симов: „Да бидеш против дата центар е…
Не стивнува прашината која се крена за…
Трагедија во Исламабад: 14 новороденчиња загинаа во…
Пожар предизвикан од експлозија на клима-уред усмрти…
Во вториот квартал од годинава за 1,5…
Бројот на активното население во второто тримесечје…