Шведски генерал: Русија се подготвува да го искуша Член 5 од НАТО
Шведскиот генерал Михаел Класон предупреди дека Русија наскоро ќе се обиде да ја тестира колективната одбрана на НАТО според Член 5 и рече дека Европа мора да се подготви да употреби сила за да ја одврати Москва. Тој го кажа ова во интервју за Политико.
„Сигурен сум и убеден дека во секој момент би биле подготвени да го тестираат Член 5 од НАТО во балтичките држави или во некој друг дел од Европа“, рече Класон.
„Тие се подготвени да преземат огромни стратешки ризици за да го постигнат она што мислат дека можат да го постигнат. Го видовме тоа уште од Чеченија, го видовме тоа во Грузија, го видовме тоа на Крим“, рече тој.
Класон нагласи дека Европа не е подготвена за потенцијален конфликт со Русија, кој го опиша како „системски конфликт… чие решавање ќе потрае долго време“.
„Во принцип, зборуваме за генерација… ова нема да исчезне со евентуално прекин на огнот или мировен договор во Украина“, додаде тој.
Тој исто така рече дека само дипломатијата нема да ја запре Русија.
„Единствениот јазик што го разбираат е силата“, рече Класон. Мораме да бидеме цврсти… постојаното повлекување не е вистинскиот одговор бидејќи ги охрабрува“, заклучи тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…
„Путин нè тестира и нè приближува до…
Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…