Објавено на:

ШЕГА СЕ ПРЕТВОРИ ВО НОЌНА МОРА: Забава на брод заврши со ужасна несреќа во Хрватска

t

Во близина на островот Арта Мала во Хрватска вчера се случила страшна несреќа во која жена ја загубила ногата.

Полициската управа во Шибеник-Книн добила дојава за несреќата околу 17 часот, а жената итно била пренесена во Задарската општа болница каде и бил потребен еден час за да стигне, па изгубила многу крв.

Според хрватските медиуми, до несреќата дошло кога пропелерот на бродот и ја фатил ногата. Таа всушност скокнала во морето за време на забавата на бродот, а еден човек го стартувал чамецот затоа што сакал да се пошегува дека ќе ја остави таму. Во тој момент и поминала преку ногата и пропелерот ја фатил и ја пресекол над коленото.

На жртвата веднаш и помогнале други лица, кои скокнале во морето за да ја извлечат, изјавија очевидци на тешката несреќа, која е забележана во вторникот недалеку од островите Вргада и Пакоштан.

“Таа дојде во болница со тешка повреда на ногата. Оперирана е и операцијата беше успешна. Сега е стабилна и е во шок соба. Многу крвареше и чудо е што остана жива”, изјави Недељко Јовиќ, помошник директор на задарската болница за квалитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…