Шекеринска избрана за заменик генерален секретар на НАТО!

t

Поранешната македонска министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска, денеска во Брисел беше избрана за Заменик генерален секретар на НАТО. Ќе му биде заменичка на Марк Руте, кој од пред неколку месеци е на чело на Алијансата.
Информацијата ја потврди и НАТО со објава од Генералниот секретар Руте на официјалниот сајт на Алијансата:

„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“.

Шеќеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО Алијансата во 2020 година. Таа ќе ја преземе својата функција до крајот на годината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…

На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…

ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…