Објавено на:

Шестмина Палестинци се убиени во израелска воена рација, десетина се ранети

t

Шестмина Палестинци се убиени денеска, а десет се ранети во вооружен конфликт за време на напад на израелската војска во градот Џенин, на окупираниот Западен Брег, соопштија американските медиуми, повикувајќи се на палестинското Министерство за здравство.

Израелските воени претставници соопштија дека војската влегла во бегалскиот камп Џенин за да ги уапси осомничените за убиството на двајцата израелски браќа минатата недела во палестинската населба Хувари.

Вооружената група „Бригада Џенин“ изјави дека нејзините членови денеска пукале и фрлиле експлозивни направи врз израелските војници, кои ја опколиле куќата на еден од осомничените во бегалскиот камп.

Денешниот конфликт избувна за време на прославата на еврејскиот празник Пурим.

Израелскиот министер за национална безбедност, ултранационалистот Итамар Бен-Гвир, кој исто така живее во еврејската населба, им се придружи на еврејските доселеници на прославата во поделениот град Хеброн на Западниот Брег под силно обезбедување, танцувајќи и пеејќи.

Тоа беше последната демонстрација на сила на ултра-националистичките доселеници на окупираниот Западен Брег, кои се поддржани од Бен-Гвир и другите во новата израелска влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИДФ: Ликвидиpан виcок функционеp на Xамаc

Израелската армија (ИДФ) и разузнавачката служба Шин…

Директна закана од Израел: „Брзо да го…

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…

Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…

Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…