Шестмина уапсени поради дрога за само 24 часа
Полицијата во текот на изминатите 24 часа. Кај сите нив е пронајдена дрога.
– Денес рано наутро во 02.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници ги лишиле од слобода Б.М.(25) и М.А.(30) двајцата од Скопје затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Малку по полноќ, во 00.20 часот денеска, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.И.(31) од Скопје, затоа што кај него исто така била пронајдена бела прашкаста материја.
Рано утрово во 02.30 часот во угостителски објект во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Х.Б.(24) од Струга затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Доцна вчера во 23.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја.
Вчера попладнето во 17.50 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Џ.(38) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја, информираат од МВР.
По целосно документирање на случаите ќе следи соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…
ШПИОНСКИ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ „НВИДИА“: Директорот призна…
Извршниот директор на американскиот технолошки гигант „Нвидиа“,…
Брнабиќ предупреди на дестабилизација на Србија
Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана…