ШЕСТ ПРОЦЕНТИ ОД НАСЕЛЕНИЕТО ПОЗИТИВНИ НА КОРОНА: Кои се симптомите на новата варијанта кракен

t

Шест проценти од населението во Македонија е позитивно на коронавирус. Минатата недела регистрирани се 203 новозаболени од КОВИД-19, што е минимално намалување во однос на претходната недела, но затоа бројот на тестирања е двојно зголемен. Процентот на позитивност се движи од 3,1% до 9,4%, просечно 6,5%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје или 60 отсто. Највисока инциденца (зачестеност) е регистрирана во Богданци (40,9/100.000), Демир Капија (26,5/100.000) и Пехчево (25,1/100.000). 

Заболените во најголем процент се на возраст од над 60 години, додека зголемување на бројката се евидентира и кај возрасните групи од 20-29 години (5,6%) и од 30-39 години (12,7%). Намалување има кај педијатриските пациенти од 0-9 години (33,3%), кај децата и адолесцентите помеѓу 10 и 19 години (71,4%), 

Во текот на минатата недела пријавени се 61 реинфекции, за 29,9% помалку во однос на претходната недела.  Во текот на минатата недела пријавени се 2 починати лица од Скопје (и двата случаи по 87 г.) со коморбидитети и се починати во болнички услови.

Засега нема потврда дали најновиот поттип на омикрон т.н. кракен е забележан во земјава.

Кракен, варијанта на коронавирусот која се шири 40 отсто побрзо од своите претходници, може да стане доминантна кај населението. Досега пријавените симптоми на кракен се многу слични на оние на омикрон, но некои се посебно застапени.

Лекарите сметаат дека симптомите на кракен немаат доживеано голема промена. 

“Забележуваме дека се повеќе луѓе всушност имаат симптоми слични на настинка“, велат лекарите.

Тоа значи дека може да се очекува да симптомите како течење на носот, болка во грлото, кашлица и затнат нос бидат почести кај лицата заразени со кракен.

Лекарите потенцираат дека високата темепература, која е карактеристична за грипот, е многу редок симптом на оваа корона варијанта. 

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 32 лица (6,7% повеќе во споредба со претходната недела), од нив 14 се на кислородна поддршка (16,7% повеќе во споредба со претходната недела) и нема пациенти на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација. 

Заклучно со 15.01.2023, регистрирани се вкупно 21.445 реинфекции. Од реинфекциите, 27 завршиле со смртен исход. Регистрирани се 9 смртни случаи кај бремени жени и 41 смртен случај кај здравствени работници. 

Досега од КОВИД-19 починале 9.633 лица, а од Од смртните случаи, 865 (9,0%) починале во вонболнички, а 8.768 (91,0%) во хоспитални услови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…

Минатата недела имало 72 случаи на заразени…

Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани…

Студија: Карантините за време на Ковид-19 предизвикаа…

Дури и по завршувањето на карантините, забрзаното…

Големи загуби за Фајзер откако “Ковид-лековите” ја…

Фајзер во вторникот објави поголема од очекуваната…