Објавено на:

Шефицата на американското разузнавање вели дека Европа сака продолжување на војната во Украина

t

Габард, која неодамна ја презеде врвната функција во американската разузнавачка заедница, во јавниот настап по петочното фијаско во Белата куќа тврди дека оние кои ги критикуваат напорите на Трамп „не се посветени на мирот“.

„Она на што треба да обрнеме внимание овде во Соединетите Американски Држави е американскиот народ, толку многу луѓе ширум земјата, кои го слават силното лидерство што го демонстрираа претседателот Трамп и потпретседателот Венс во Овалната соба, нешто што не сме го виделе во последните четири години од администрацијата на Бајден“, рече Габард за „Фокс њуз“.

Таа, во гостувањето на телевизијата која е исклучително блиска до оваа администрација, ги наведе Германија и Обединетото Кралство како примери за тоа дека европските земји се повеќе заинтересирани да му помогнат на Зеленски да ја продолжи војната, отколку да ја прекине.

Јавната расправа меѓу Трамп и Венс од една и Зеленски од друга страна, како и изјавите на високи претставници на американската администрација што следеа, предизвикаа негативни реации во Европа, но затоа пак ја израдуваа Москва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…

Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…

Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…

Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…

Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…

Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…

Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…

Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…

Големо признание за Тамара Котевска – гран…

Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…