Објавено на:

Шефовите на ЕУ: Неуспехот да се смират тензиите во Косово ќе има негативни последици

t

Шефовите на Европската унија (ЕУ) предупредуваат дека неуспехот да се релаксираат тензиите во Косово „ќе има негативни последици“ и бараат итни избори во северниот дел од земјата и продолжување на дијалогот Белград-Приштина, имплементација на Охридскиот договор, што вклучува и формирање Заедница на српските општини.

Тоа се наведува во нацрт-заклучоците од денешната и утрешната средба на шефови на држави или влади на ЕУ во Брисел, пренесе Бета.

Нацртот „ги осудува неодамнешните инциденти на северот на Косово и повикува на итно намалување на тензиите врз основа на клучните елементи веќе истакнати од ЕУ на 3 јуни 2023 година“.

Во документот се додава дека Приштина и Белград „мора да создадат услови за итни избори во сите четири општини на северот на Косово“ и се нагласува дека „неуспехот да се намалат тензиите ќе има неповолни последици“.

-Од фундаментално значење е да се продолжи дијалогот (Србија и Косово) со посредство на ЕУ, предводена од висок претставник на Унијата и со непречено спроведување на Договорот за патот кон нормализација на односите, како и Анексот за негово спроведување, се вели во подготвителниот документ на Самитот на ЕУ.

Шефовите на Европската унија „ја повторуваат и целосната и неотповиклива поддршка за перспективата на Западен Балкан за членство во ЕУ и забрзување на пристапниот процес“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…

Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…

Собранието на предлог на Владата, усвои нов…

Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…

Сенатот на САД го усвои Законот за…