Шефот за хуманитарни операции во ОН: Газа стана непогодна за живеење
Газа е „непогодна за живот“ три месеци по ужасните напади на Хамас врз Израел, изјави денеска шефот на хуманитарните операции на ОН Мартин Грифитс и предупреди за катастрофална здравствена состојба.
Грифитс во изјавата наведе дека во Газа „луѓето се соочуваат со највисоко ниво на несигурност за храна досега забележано“ и дека „гладот е на праг“.
Покрај тоа, жителите на Газа се „очевидци на секојдневните закани за сопственото постоење, додека светот гледа“, рече тој.
Заменик-генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања, исто така, рече дека десетици илјади луѓе, главно жени и деца, се убиени или ранети, дека семејствата спијат надвор иако температурите опаѓаат и областите каде што на Палестинците им е кажано да се засолнат се бомбардирани.
Неколкуте делумно функционални болници се преполни и нема залихи, се шират заразни болести, а во услови на хаос, 180 Палестинки се породуваат секој ден.
Грифитс ги повтори барањата на ОН за итен прекин на конфликтот и ослободување на заложниците.
„Време е меѓународната заедница да го искористи сето свое влијание за да се случи ова“, рече тој, додавајќи дека хуманитарните работници биле соочени со „невозможна мисија“ да пружат помош на повеќе од два милиони луѓе.
„Газа го покажа најлошото кај човековиот род и одамна помина времето војната да заврши“. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бака ја прифати номинацијата за претседател на…
Андраш Бака (73) ја прифати номинацијата на…
Зеленски: Пристигнуваат до 50.000 војници од Северна…
„Севернокорејците се појавуваат на територијата на Руската…
Германија предупредува на секојдневна „хибридна војна“ по…
Германија се соочува со хибридни напади од…
Полска стана шеста економска сила во ЕУ,…
Полската економија станува се позначајна во Европската…
(Видео) Околу 700 велосипедисти без облека возеа…
Околу 700 велосипедисти учествуваа на првото издание…