Објавено на:

Шефот на британската дипломатија: Испраќањето НАТО војници во Украина е опасно

t

Министерот за надворешни работи на Британија Дејвид Камерон изрази противење на идејата за испраќање војници од земјите во НАТО во Украина, за да се борат против руската војска.

Во изјава за Скај њуз во петокот, Дејвид Камерон изјави дека Британија ќе продолжи да му испорачува на Киев оружје и да се фокусира на пополнување на сопствените залихи, што е „национален приоритет“.

„Но не сакам НАТО војници во државата (Украина), бидејќи сметам дека тоа ќе биде опасна ескалација“, кажа британскиот министер за надворешни работи и додаде: „Обучивме, јас мислам, речиси 60.000 украински војници“.

Пред два дена францускиот претседател Емануел Макрон повторно изјави дека не исклучува потенцијално разместување трупи во Украина.

„Не смееме да исклучиме ништо бидејќи нашата цел е Русија да не победи во Украина“, кажа Макрон за Економист.

Францускиот претседател истакна дека прашањето за „НАТО чизми на теренот“ би било наметнато ако „Русите ја пробијат линијата на фронтот“ и ако „Киев побара помош“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Полицајци спасија човек во Молдавија, кој…

Како што пренесува „Дејлимејл“, овој настан се…

Два нови обвинителни предлога против Рамиз Мерко

Основното јавно обвинителство Струга поднесе два обвинителни…

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат…

Командантот на силите Кудс, Есмаил Кани изјави…

ПАНИКА ВО АМЕРИКА.. Стејт департментот издаде итна…

Стејт департментот издаде итно предупредување до Американците…

Рјабков: Русија нема доверба во НАТО!

Геополитичките проекти со НАТО сега се невозможни,…