Објавено на:

Шефот на Вагнер: Руските сили мора да го заземат Бахмут, конфликтот може да трае и две-три години

t

Основачот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, истакна дека руските сили мора да го освојат украинското упориште Бахмут за да продолжат со нивната воена операција, но вели дека украинските трупи пружаат жесток отпор.

Руските сили се обидуваат да го опкружат и заземат Бахмут, град во регионот Донбас кој стана централно место на војната во Украина.

Во интервју за руски воен дописник што го пренесуваат западните медиуми, Пригожин вели дека Москва мора да постави јасни цели во својата операција, што, според него, значи „цврсто утврдување на своето присуство во источна Украина или притискање напред за заземање повеќе од земјата“.

Бахмут е потребен за нашите војници да можат да дејствуваат без проблеми. Зошто тој град се нарекува „мелница за месо“? Затоа што украинската армија испраќа се повеќе единици. Веројатно е рано да се каже дека сме блиску. Има многу патишта кон надвор, а помалку патишта кон внатре.

Украинските трупи се добро обучени… Како и секој голем град, невозможно е директно да се заземе. Ние се снаоѓаме многу добро. Прво, треба тивко да го земеме Бахмут, а потоа јасно и гласно да кажеме дека го зазедовме.

На Русија веројатно ќе и бидат потребни 18 месеци до две години за целосно да обезбеди контрола над источниот индустриски центар Донбас“, вели Пригожин.

Тој додава дека војната би можела да трае три години доколку Русија одлучи да заземе територии источно од реката Днепар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…