Шефот на Интерпол во посета на МВР: Македонија важен партнер на Интерпол во борбата против организираниот криминал
Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, при посетата на Полициската академија на МВР во Идризово порача дека Северна Македонија е значаен партнер на организацијата и дека покажува сериозен пристап кон меѓународната полициска соработка.
Во обраќањето пред полициските кадети и раководството на Министерството за внатрешни работи, Уркиза истакна дека Центарот за обука на МВР има важна улога во подготовката на идните полициски службеници.
„Континуираното образование и обука ќе имаат клучна улога во вашата иднина како полициски службеници. Криминалот станува сè покомплексен, а начинот на кој полицијата се обучува и учи мора да се развива во согласност со новите закани“, рече Уркиза.
Тој посочи дека технолошкиот напредок создава нови предизвици во борбата против криминалот, поради што е неопходна силна меѓународна соработка меѓу полициските служби.
„Ќе се соочувате со различни јазици, правни системи и начини на работа. Убеден сум дека ќе го препознаете Интерпол како подготвен и доверлив партнер во вашата борба“, истакна генералниот секретар.
Уркиза додаде дека од соработката на македонските полициски служби со партнерите во регионот, вклучително и активностите со Албанија и Србија, се гледа посветеноста на земјата кон меѓународната полициска координација.
Тој потсети дека од ноември 2025 година Центарот за обука на МВР е дел од Глобалната академска мрежа на Интерпол, а ја поздрави и вклученоста на Северна Македонија во меѓународни операции против трговијата со луѓе и нелегалната трговија со оружје.
Обраќајќи им се на кадетите, Уркиза порача дека полициската професија бара голема посветеност, но овозможува да се направи вистинска промена во животите на граѓаните.
„Предизвиците се реални, но реални се и наградите. Можноста да направите вистинска разлика во животите на луѓето е она што ја прави оваа професија посебна“, нагласи тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…