Шефот на кинеската дипломатија дециден: Пријателството меѓу Русија и Кина е цврсто како камен
Пријателството меѓу Кина и Русија е „цврсто како камен“, а изгледите за соработка се многу широки, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.
„Соработката меѓу двете земји носи придобивки и просперитет за двата народа“, рече кинескиот министер на својата годишна прес-конференција на маргините на годишната седница на кинескиот парламент.
Според него, Кина е подготвена да ја продолжи својата конструктивна улога во промовирањето на мировните преговори меѓу Руската Федерација и Украина, доколку има потреба од посредување, пренесува РИА Новости.
Шефот на кинеската дипломатија рече и дека Пекинг отсекогаш бил објективен и праведен, а за решавање на сложените проблеми потребна е смиреност и рационалност.
Од таа причина, тврди тој, дијалогот мора да продолжи, а фокусот да биде на долгорочна стабилност во регионот.
Ванг исто така рече дека кинескиот Црвен крст ќе собира хуманитарна помош за Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…
Пожар избувна во висока станбена зграда во…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…