Шефот на одбраната на Уганда не отстапува: Бара една милијарда долари од Турција и брак со најубавата Турчинка
Шефот на одбраната на Уганда и син на претседателот на земјата, Мухузи Кајнеругаба, побара 1 милијарда долари од Турција и брак со „најубавата жена“ во Турција за, како што тврди, придонес кон регионалната безбедност, со закана за прекин на дипломатските односи, објавува „Танјуг“.
Кајнеругаба, во серија објави на социјалната мрежа „Икс“, се закани дека Уганда ќе ги прекине дипломатските односи и ќе ја затвори турската амбасада во Кампала во рок од 30 дена доколку не бидат исполнети барањата.
Во своите објави тој тврдеше дека Турција има корист од деловните и инфраструктурните проекти во Сомалија, вклучувајќи ги пристаништата и аеродромите во Могадишу, додека Уганда, тврди тој, со години носи тежок безбедносен товар, објавува во понеделник NDTV.
Кајнеругаба рече дека Уганда треба да добие 1 милијарда долари како „безбедносна дивиденда“, со порака дека, во спротивно, ќе ја затвори турската амбасада.
Во истите објави, тој, исто така, упати контроверзно барање Турција „да му ја предаде најубавата жена во земјата“ за да може да се ожени со неа.
Тој предупреди дека односите меѓу Уганда и Турција не треба да се сведуваат на „игри на социјалните медиуми“, но во исто време најави можност за непосредно прекинување на дипломатските врски.
Каинеругаба, исто така, им советуваше на Уганѓаните да избегнуваат патување во Турција, од безбедносни причини.
Во своите објави, тој, исто така, изрази поддршка за Израел, наведувајќи дека е подготвен да испрати 100.000 угандски војници за да ја заштитат Светата Земја.
Ова не е прв пат Кајнеругаба да привлече внимание во јавноста со своите необични изјави, бидејќи во 2022 година понуди, како што изјави, 100 крави за брак со италијанската премиерка Џорџа Мелони.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОНРЕДНА ВЕСТ: Итна воздушна тревога во шест…
Романскиот Генерален инспекторат за вонредни состојби (IGSU)…
Честитка од Марко Рубио: САД се горди…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати честитка…
ВЛЕН: Македонија станува подобра дестинација за инвестиции
Северна Македонија гради поповолна клима за инвестиции,…
Костадин Костадинов доби син: Добредојде на свет,…
Поранешниот градоначалник на Општина Струмица, Костадин Костадинов,…
Србија се подготвува за нуклеарната ера: Се…
Министерката за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ…